Јадел по 40 лажичи шеќер на ден - Еве што му се случило!

Секој ден внесувал по 40 лажички шеќер, малку повеќе од она што го внесува просечниот тинејџер. За споредба, максимална дневна препорачана доза на шеќер е девет лажички за мажи и шест за жени.
Дејмон е австралиски актер и режисер 60 дена се хранел со „здрава“ храна со низок удел на масти, а голем удел на шеќери. Резултатите се повеќе од шокантни.
За само три недели Гамеу почнал да се чувствува ужасно, да биде летаргичен и многу нервозен. На лекарскиот преглед му е утврдено најлошото – дијагностициран му е замастен црн дроб.
- Не пиев газирани пијалаци, нуту сум јадел чоколади, сладолед или бонбони. Целиот шеќер кој го внесував е од т.н. здрава храна, нискокалоричен јогурт, мусли, овошни сокови, спортски напитоци. Сите оние работи што родителите им ги даваат на децата мислејќи дека се корисни, вели Гамеу, кој сето тоа го сними во документарецот „Тој шеќерен филм“.

Десет години по документарецот на Морган Спарлок со наслов „Суперголемиот јас“(Super Size Me) каде беше разоткриена т.н. здрава храна од Мекдоналдс, документарниот филм „Тој шеќерен филм“ би трабало уште еднаш да го разниша светот на храната.
Дејмон доби десет сантиметри сало околу половината, а неговата ментална функција беше опишана како „нестабилна“. Исто така открил дека никако не можел да се најаде.
За доручек јадел нискокалоричен јогурт, житарки и сок од јаболко. Тоа е 20 лажички шеќер.
„Не велам дека луѓето треба да престанат да јадат шеќер, само треба да бидат свесни. Шеќерот е во 80% од преработената храна. Ако го отстранат, тоа би бил првиот чекор кон промена“ – вели Дејмон.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
