Македонија
5. November 2019 - 19:27

Ја земал ловечката пушка и испукал кон соседите во Виница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Л.(75) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 10.04.2019 во с.Блатец, во дворот на семејната куќа, пријавениот со ловечка пушка „Баикал“, која ја поседувал со дозвола, испукал куршум кон соседите.