Ја убил сопругата Сандра и нејзиниот љубовник откако ги фатил голи во кревет
Маж со име Хуан Карлос Гарсиа(42) од Колумбија е обвинет дека ја убил својата жена и нејзиниот љубовник. Ги фатил голи додека имале секс.
Сандра Кастеланос имала 39 години, нејзиниот љубовник Ное Гомез 35. Хуан Карлос се сомневал дека неговата сопруга го изневерува додека тој работи ноќна смена како чувар. Тој минатиот петок одглумил дека иде на работа. Следело ужас...
Околу 21 часот се вратил и додека трите деца спиеле го извадил пиштолот и ги убил . Гарсија за неверството дознал од соседите. Се криел во куќата на својот пријател пред да се врати во куќата и дати прељубниците на дело. Потоа се предал на полицијата, но не покажал знаци на каење.
- Беше неверна и ја извалка мојата чест како маж. Јас само ја отстранив жената која ми го уништи животот од овој свет, наводно Карлос изјавил пред полицајците. Тој добил мерка притвор и наскоро би требал да се појави пред судот. Грижата за децата ја превземале роднините, пишува The Sun.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот