Бизарно но вистинито
8. April 2016 - 19:11

Ја убил на првата брачна ноќ својата жена бидејќи не била девица!

Неодамна оженетиот маж е обвинет дека ја задавил својата сопруга – тинејџерка на првата брачна ноќ, откако дознал дека таа не е девица.

ubiena2

Канзади Лашари (19) била облечена во нејзината невестинска облека, кога нејзиниот сопруг, а воедно и нејзин братучед Бакш Кокар (28) ја убил на нивната прва брачна ноќ во Пакистан.

ubiena3
Таткото на невестата Лал Мохамед Лашари (60) почнал да се сомнева дека нешто не е во ред со неговата ќерка и нејзиниот сопруг, бидејќи по свадбата тие не се слушнале.

Семејството ја известила полицијата дека ниту ќерката, а ни зетот не се јавиле дека стигнале дома безбедно. Полицијата извршила претрес и го пронашла безживотното тело на младата девојка во куќата.

Братот на девојката Али Шер Лашари (37) поднесе кривична пријава против Бакш и неговите четворица браќа обвинувајќи ги дека се виновни за смртта на неговата сестра.

Тој изјавил: “Бакш беше скептик по природа и сите во нашето семејство го знаеа тоа, но ние никогаш не помисливме дека може да ја убие нашата сестра“.

Убиецот следниот ден бил фатен откако полицијата испукала куршум во неговата нога и го уапсила. Тој го признал убиството на својата сопруга и кажал дека тоа го сторил затоа што таа не била невина.