Ја силувал пред 20 години, а тогаш повторно се соочуваат во ТВ емисија!
Две децении откако е силувана, Тордис Елва се соочила со својот напаѓач како би разговарале за сексуалниот напад кој засекогаш ги променил нивните животи.
Елва од Исланд силувана е 1996 година. Го пронашла напаѓачот, Том Странгер од Австралија а нивното помирување е резултат на соработката помеѓу жртвата и сторителот.
Парот напишал и книга заедно, а во 2016 учествувале во ТВ емисија каде што тие ја раскажуваат приказната за силувањето и помирувањето. Исповедта почнува со Том кој се преселил во Исланд кога имал 18 години како студент на размена.
Ја запознал Елва која тогаш имала 16 години. Парот почнал да излегува, а по еден месец отишле на божиќен танц. Таа ноќ, Том ја силувал својата девојка. Истата вечер Елва за прв пат во својот живот пиела алкохол.
Том ја одвел во својата куќа и ја сместил на кревет. Поради тоа Елва го гледала како "витез на бел коњ", но веднаш потоа следел ужас кога сфатила дека тој почнал да ја соблекува.
Неколку дена подоцна тие се разделиле. Таа признала дека често плачела и не можела да се помири со фактот дека била силувана. На Том исто така му било тешко да се помири со она што го направил.
Се вратил во Австралија, а Елва била на работ на нервен слом а се соочувала и со недостаток на доверба.
Нејзината тишина се променила по расправија со сакана блиска личност.Во момент на очај, таа му испратила писмо на Том во Австралија. Почнале да се допишуваат, а тоа помогнало подобро да се запознаат а потоа и да се помират.
Таа во 2015. година е прогласена за Жена на годината во Исланд Основач е на кампања за рамноправност која предизвикала огромна национална расправа. Сакала да спречи насилство и да работи на зголемување на сексуалното образование во училиштата во Исланд
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово