Македонија
8. February 2018 - 13:05

Ја претепал поранешната девојка зошто одбила да има односи со него

Дваесет и петгодишна скопјанка била физички нападната од нејзиното поранешно момче поради тоа што не сакала да има сексуален однос со него. 

Таа во полиција пријавила дека во средата околу 18 часот и 30 минути  во село Волково додека седела во возило со нејзиното поранешно момче И.А. била нападната од него со тупаници во главата, телото, грбот и рацете по што почнал да ја допира по телото.  

Причина за нападот, според девојката, е тоа што не сакала да има сексуален однос со него бидејќи ја прекинале врската пред две недели.

Се работи на целосно расчистување на случајот.