Живот
20. December 2016 - 19:18

Ја побара за жена додека известуваше во живо- таа го одби!

Новинарка од БН телевизија неодамна имаше една необична понуда- за брак.

Имено, додека новинарката известуваше во живо од центарот на Бијељина, еден човек излеле од автомобилот и го зеде микрофонот и почна да зборува пред камерата.

– Нема зима, не постои. Сите оние кои немаат пари нема да слават Нова година и кај нив е дебл минус. Сите вие кои немате марки во утринските часови добро да се покриете со џемпер, – кажа меѓу другото овој „случаен“ минувач.

На крајот од „известувањето“, ја праша новинарката дали сака да се омажи за него.

– Ти навистина ми се допаѓаш, ќе се омажиш ли за мене? ја праша минувачот, на што убавата новинарка без размислување му одговори „не“.

– Ова е првата девојка која ме одби, рече тој на крајот.

Ново на Сител