Ја откри нејзината тајна: „Шампонот од сода бикарбона ја спаси мојата коса“

Блогерката Сонет Лауберт имала толку лоша коса што сериозно мислела да се потстриже скрос кратко. Но, наишла на рецепт за шампон од сода бикарбона и се обидела со истиот. Косата и сјае.
- Се шокирав откако сфатив колку поубаво почна да изгледа мојата коса откако наместо класичен, користам шампон од сода бикарбона. Освен што навистина сјае, не е изложена на штетни хемикалии кои во козметичките производи со мирис може да бидат повеќе од 4000, што е застрашувачки. Освен тоа, тие шампони ги отстрануваат природните масла од влакната па косата засилено ги произведува, - го опишува своето искуство блогерката Сонет Лауберт за порталот мбг.
Иако на пазарот постојат природни шампони кои не содржат штетни состојки, косата и со нив, како што таа вели и изгледала безживотно, без сјај. Се обидувала да внесе живост во својата фризура и со купечки препарати за обликување, но ништо долгорочно не и помогнало бидејќи тие средства се таложеле на влакната на косата и после некое време се било по старо. Веќе помислила да се потстриже, но негде прочитала дека сода бикарбона е одлична за косата.
Рецептот за шампон од сода е многу едноставен...
Сода бикарбона се мепа со вода во размер 1:3, значи на една количина сода доаѓаат 3 вода. На пример, за коса долга до рамена доволни се 2-3 лажици сода.
Смесата се нанесува на сува или мокра коса од коренот кон краевите и се остава една до 3 минути. Потоа се мие со вода.
После тоа се мие и со мешавина од бел јаболков оцет и вода во размер од 1:4, за да го намали мирисот на оцет иако тој брзо испарува, Сонет во смесата додава и неколку капки етерично масло од лаванда, рузмарин или мента.
После миењето со таа смеса се пушта млаз ладна вода, бидејќи таа помага да се задржи влагата во влакната за косата да не изгледа суво и дава сјај.
Ново на Сител
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
