-->
-->
Ја оставил сопствената ќерка да се удави, не дозволил да ја спасат, а причината за тоа ќе ве шокира!
-->
Маж од Азија гледал како пред свои очи неговата 20 годишна ќерка се дави. За трагедијата да биде поголема, тоа се случило откако тој физички ги спречил спасувачите на плажата во Дубаи да и помогнат на ќерка му. Како причина за тоа навел дека ќерка му ќе била обесчестена доколку непознати мажи би ја допреле.
Против таткото е поведена кривична постапка бидејќи со своето делување директно придонел за смртта на својата ќерка.
-Тој ги однел својата сопруга и децата на плажа во Дубаи како би можеле да уживаат таму. Децата се забавувале, но наеднаш 20годишната ќерка почнала да се дави и да моли за помош-изјавил поручникот Ахмед Бургибах.
На плажата имало двајца спасувачи кои веднаш отрчале да помогнат на девојката. Таткото кој бил снажен и голем човек почнал да се бори со нив, ги повлекувал, спречувајќи ги да и помогнат на ќерка му. Таткото станал многу насилен, а на момците им рекол дека повеќе би сакал ќерка му да ја види мртва отколку да ја допрат непознати мажи.
Постапките на таткото довеле до директна смрт на неговата ќерка. Тој е уапсен поради попречување во вршењето на должноста на спасувачите и предизвикување смрт на својата ќерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен