Македонија
26. April 2016 - 13:00

Ја обвинуваат Владата за тортура, а земаат за 200 отсто зголемени плати

Само во Македонија и зад плаштот на СДСМ може да се случи протест за повисоки плати и обвинувања против Владата за тортура во услови кога таа им ги покачила платите за 100, 200 и повеќе отсто.
Синдикатот за култура на Република Македонија за кого легитимниот СОНК изјави дека е нелегитимен синдикат и за кој е многу веројатно дека стои СДСМ како партија, излезе со неколку барања, меѓу кои е барањето за повисоки плати. Истражувањата кои ги направивме покажуваат дека најгласните од актерите и кои се први меѓу протестите кои ги организира СДСМ земаат енормни суми на покачени плати.
 
Па така месечно актерката Ирена Ристиќ во 2006-та земала 19.872 денари, сега зема 38.317 денари месечна плата што претставува зголемување за 192.77%.
 
 
Дополнително се хонорарите за дополнителни изведби, па така Ристиќ за отворањето на велешкиот нов театар за само три одиграни престави дополнително земала 175 илјади денари. За само 5 престави во охридскиот театар земала од државата 145 илјади денари.
 
Ирена Ристиќ од државата која ја обвинува за тортура и режим земала и хонорар од 203 илјади денари за претставата Aферата Ел Сињор во МНТ.
 
 
Ништо полош во однос на платата е и актерот Јовица Михајловски, брат на сопственикот на порталот „Сакам да кажам“, Горан Михајловски. Јовица Михајловски во 2006-та имал плата од 18 илјади денари, а денес таа плата му е покачена за 207.34%.
 
Актерката Софија Куновска која денес е пратеник на СДСМ, пред да стане пратеник платата и е зголемена за разлика од 2006-та за 220.46%, односно во 2006-та земала 15.120 денари, а пред да стане пратеник платата и изнесувала 33.333 денари.
 
Ништо полоша не е состојбата ни кај синдикалецот Виктор Илиевски кој иронично бара покачување на платата, а неговата плата, без хонорари, денес за разлика од 2006-та е покачена за цели дополнителни 10.553 денари месечно.