Балкан
23. јуни 2016 - 10:34

Jа лажел зад грб: Зоран ја изневерувал Јелена со оваа пејачка

Мајката на монструозно убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ последните денови често се преиспитува дали убиството на нејзината ќерка е случајност или можеби нарачка. 
 
Како што тврди соседка на Зорица, таа често седи и се прашува дали можеби некој намерно ја убил нејзината ќерка со некаква цел, или се работи за психопат. 
 
- Жената веќе не знае што да мисли. Кутрата, само седи и се нервира. Се преиспитува кој би можел да и наштети на Јелена. И треба време да ги склопи коцките, вели соседката која ќе остане анонимна.
 
Според зборовите на жената, Инди која ја оплакуваше Јелена и велеше дека се најверни другарки, не биле тоа и тоа било само маска за јавноста.
 
- Инди е заљубена во Зоран, барем така Јелена мислеше. Се скараа пред пет години. Не беа пријателки од тогаш. За разлика од неа, Нада секогаш беше покрај неа, вели таа
 
И три месеци по крвавото убиство, останува мистерија, кој и зошто посегна по животот на Ѕвездата на Гранд.