Ја измамил сопругата и мислел дека се извлекол се додека не му стигнало ова

Кога ги гледаме сериите и филмовите како и реалните шоу емисии за измамниците и за тоа како биле фатени од сопругите, многумина би помислиле дека ним тоа нешто не може да им се случи.
Еден човек ја измамил својата жена со една Италијанка и тоа траело со години. На крајот таа останала бремена и тој ја раскинал таа врска. Сепак работите го стигнале човекот и завршиле на урнебесен начин.
Имено, му дошла љубовницата и му рекла дека е бремена. Тој ја исплатил, и раскинал и ја вратил во Италија.
Жената се сложила на ја земе големата сума пари и го прашала како да го извести кога ќе се роди детето. Тој и рекол да му испрати обична разгледница, и да го напише во неа зборот „шпагети“. Тоа била нивната шифра да знае дека се родило детето.
По 9 месеци, сопругата го дочекала мажот со разгледница во рака и кога тој ја прочитал се онесвестил.
Зошто, затоа што таму пишувало:
„Шпагети, шпагети, шпагети, шпагети, шпагети. Три со ќофте, две без. Испрати екстра сос!“.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
-

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување
-

Од утре променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во петок
-

Артета: Гладни сме да го добиеме натпреварот за финале
-

Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 ја освоија титулата во македонското првенство

