Ја измамил Општина Делчево дека ќе заловува кучиња скитници за 6.000 евра
Управител на фирма која добила тендер од Општина Делчево да заловува улични кучиња, направил измама од безмалку 6.000 евра. Лажно прикажувал дека работи со испраќање на фактури за извршената услуга, објави МВР од каде што ќе биде поднесена кривична пријава за измамникот.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Д.(62) од Делчево, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“. Пријавениот, во својство на основач и управител на правно лице, во периодот од мај 2021 до мај 2023, во повеќе наврати ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на тој начин што по претходно спроведени јавни набавки и склучени два договора со општина Делчево за шинтерски услуги, за фаќање и хуман третман на кучиња скитници на подрачјето на Општина Делчево за период од една година, изготвил 11 фактури со невистинита содржина во кои впишал невистинити податоци за услуги кои не ги извршил, а ги доставил за наплата.
Пртоа, тој се стекнал со противправна имотна корист од 350.869 денари на штета на Општина Делчево“, објави полицијата.
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата