Ја изгубив невиноста со човек на чие име не се сеќавам, тоа ми го уништи животот

Џејн Лајтфут имала секс со непознат човек. Тоа би било многу поразлично ако тогаш не била невина. Таа открива зошто таа одлука била огромна грешка.
Ја изгубив невиноста со човек на чие име и лице не се сеќавам. Во главата го нарекувам Рики Боби по ликот од некоја песна која ме потсетува на него. Не му кажав како се викам, не му кажав ниту дека сакав да го одбијам тој секс. Но, имав 21 година и ми беше доста.
Не планирав да тргнам на факултет невина, бев одличен студент и само за тоа размислував. Ете, се случи.
Го запознав на забава и видов дека не е студент. Беше некој локален маж кој се најде тука. Цимерката и јас бевме опседнати со момци и наоѓање на момче. Не бев невина поради став, туку поради околностите. Затоа, се согласив да заминам со Боби. Мислеше дека сум пијана. Имавме секс на задното седиште во неговиот автомобил, во мисионерска поза. Се сеќавам дека сакав да му кажам дека таквите потези се за секс со камења, а не со жена. Се сеќавам дека имаше некоја глупава тетоважа која ќе изгледа смешно кога ќе остари.
Тогаш не знаев какви последици ваквиот „прв пат” ќе остави врз мене. Од таа ноќ направив многу лоши одлуки. Цел живот се каам поради таквото губење на невиноста. И, ја научив важната лекција.
Немој да речеш ‘да’, кога всушност сакаш некому да му признаеш дека си осамена и тажна. Личноста на која само импулсивно ќе ѝ кажеш дека сакаш секс нема да знае што ти е потребно и нема да биде тука наутро кога ќе сфатиш дека тој секс бил се’ она што не требало да биде”, ја завршува својата исповед Џејн.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
