Живот
26. јуни 2016 - 11:29

Ја искасапил сопругата и ја спакувал во ранец

Ивона Балдели брутално е убиена, а потоа деловите од телото нејзиниот избраник Брајан Бримажер. Брајан искасапеното тело го спакувал во еден ранец, а на семејството на несреќната девојка му рекол дека го оставила поради друг.

42-годишната Ивона помислила дека ја нашла својата среќа во љубовта кога го сретнала Брајан и со него заминала на живее на островот Каранеро, недалеку од Панама. На родителите и пријателите кои останале во Калифорнија секој ден им испраќала мејлови, и им пишувала колку е среќна и дека ужива во секој ден од животот. Никој не можел да верува дека Ивона еден ден ќе исчезне.

По неколку месеци идиличен живот, Ивона во 2011 година престанала да им се јавуа на пријателите и родителите. Кога го повикале Брајан што се случило, тој низ солзи рекол дека го напуштила и заминала со друг. Но таа приказна ним им била многу чудна и инсистирале Брајан да каже што се случило.

Тој тврдел дека Ивона запознала некојси Тони Гонзалес и со него отишла на Костарика. Семејството на почетокот не верувало, но потоа добило мејл од Ивона во кој пишувало дека одлучила да му раскине на Брајан, и дека среќата ја нашла во друг човек.

Родителите се сомневале во тоа, но кога дознале дека Ивона ја користела кредитната картичка на Костарика, малку се смириле. Поминувале месеци, а таа се поретко и поретко пишувала.

Кога Брајан се вратил во Калифорнија и се оженил со бившата девојка, мејловите од Ивона престанале да стигнуваат, и тогаш нејзините пријатели тргнале во потрага по неа.

Кога стигнале на Костарика имале што да слушнат. Брајан и Ивона постојано се карале, а во нивниот дом интервенирала и полицијата, зошто Брајан постојано ја тепал и имала модирци по телото и лицето. Тогаш побарале помош од полицијата и истрагата утврдила дека Ивона никогаш не ја напуштила Панама, ниту стигнала во Костарика, а нејзите картички ги користел некој друг. Како продолжила истрага утврдено е дека таа е убиена.

Иако Брајан бил главен осомничен, не можеле ништо да докажат. Во куќата каде живееле заедно пронашле траги од крв, но ништо не укажувало на тоа дека тука е направено злосторство. Го пребарале островот, но Ивона не ја нашле.

Поминувале месеци,  а истрагата не напредувала, се додека Брајан на Фејсбук не постила фотографија од мачета со коментар: „Ја продавам мачетата, не се секирајте, само една стриптизета искасапив со неа, напишта Брајан заедно со неколку смајли стикери. Но, тоа за полицијата беше нова трага. Брзо се утврди дека Брајан ја убил Ивона на 26 ноември 2011 година по бурна расправија. Со мачета го искасапил нејзиното тело и го спакувал во војнички ранец, кој го фрлил во мочуриште. 

Полицијата конечно го пронајде ранецот во кој освен коските на Ивона, се пронајдени и коски од нејзиното куќе.