Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше убиено едно лице, а две беа повредени.
Како што информира денеска Јавното обвинителство, издадени се наредби за вештачење на трагите прибирани од местото, а се преземаат и други дејствија.
Од Министерството за внатрешни работи инфрмираа дека работат на откривање на сторителите. Оттаму соопштија дека синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ имало пукање, а во 23:45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.
- Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре ќе биде познато колкумина ќе гони Обвинителството за пожарот во Кочани
-
Над 100 од повредените во Кочани ја контактирале Владата – доставиле предлози и барања за нивниот процес на опоравување