Извршен увид на сообраќајката во Кавадарци во која загина едно лице
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17:00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, соопшти Јавно обвинителство на Република Македонија.
На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „Урсус“ со приколка, управуван од 24-годишен жител од Кавадарци, патничко возило „голф“, управувано од жител на село Дабниште, Кавадаречко, на возраст од 51 година, и патничко возило „опел вектра“, управувано од 46-годишен кавадарчанец. Според првичните сознанија, до незгодата дошло при обид на возачот на „голфот“ да го престигне тракторот со приколка. На местото на незгодата од тешките повреди починало едно лице (54), сопатник во „голфот“. Четири лица со телесни повреди се пренесени во здравствени установи за натамошно укажување лекарска помош и лекување.
За расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, како и за сообраќајно – техничко вештачење.
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово