Извозот во првите шест месец со раст од 4,1 отсто
Вкупната трговска размена на Македонија во периодот јануари - јуни 2016 година изнесува 5.529.439.000 американски долари. Вредноста на извозот е изнесува 2.275.485.000 и бележи пораст од 4,1 отсто во однос на тој период лани, додека увeзената стока е 3.253.954.000 долари или 4,8 проценти повеќе.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит изнесува 978.469.000 долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-јуни 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Ново на Сител
-
МЗ: Извршена трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска
-
Шведски Врховен суд: Активистите не можат да ја тужат државата за недоволна акција против климатските промени
-
Завршни зборови во судскиот процес против Додик
-
Украински пратеник: Изјавите на Трамп „непријатни“, но „не смееме да ги изгубиме американските сојузници“
-
Лавров: Русија разговараше со САД за отстранување на заканите кон земјата
-
ДУИ: За првпат по 2001, ниту една раководна позиција во тајните служби не е во рацете на Албанец
-
Усогласени нови правила на ЕУ за отпадот од храна и текстил
-
Сервер: Договор кој ќе го компромитира суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот