Извозот во првите четири месеци со раст од 31,5 проценти
Извозот на стоки од Македонија во првите четири месеци од годинава бележи раст од 31,5 проценти во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на извозот во четирите месеци годинава изнесувала 2.176.646 илјади американски долари, а на увeзената стока 2.954.810 илјади САД долари и бележи раст од 28,8 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 778.163 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесува 73,7 проценти.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, делови на седишта и облеката.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-април 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски ќе учествува на конференцијата „Медитерански дијалог“ во Рим
-
Дел Пјеро може да се кандидира за претседател на Италијанската фудбалска федерација
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата
-
Слот израмни рекорд во Премиер лигата
-
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига
-
Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус
-
Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство