Бизнис
5. јуни 2017 - 20:46

Извозот во првиот квартал надмина 1,5 милијарди евра

Стоковата размена на Македонија со странство во првиот квартал со двоцифрен раст. Според најновите податоци на заводот за статистика во периодот јануари – април вкупната вредност на размената е над 3,6 милијарди евра и е за 11,8% повисока од истиот период лани.

Пораст бележат и извозот и увозот. Извозот надминува 1,5 милијарди евра и е за 12,7% повисок од првиот квартал во 2016. Увозот надминува 2,1 милијарди евра и бележи пораст од 11,2%. Со тоа покриеноста на увозот со извоз е 72.7%, а трговскиот дефицит е над 574 милиони евра.

Растот на трговијата со странство во најголема мера се должи на активносите на фабриките на странските инвеститори во зоните, за кои како добавувачи работат околу 500 домашни фирми. Зголемувањето на бројот на извозно-ориентирани компании ќе биде еден од приоритетите на новата влада, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Најголемо учество во извозот имаат производите од зоните, а потоа фероникелот и облеката. Во увозот најзастапени се суровините за производството во зоните и електричната енергија. Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.