Бизнис
4. December 2015 - 20:50

Извозот расте – Се намалува трговскиот дефицит

Раст на извозот за 8,3 проценти евидентира статистиката во периодот од јануари до октомври споредено со  истиот период лани.

Стоковата размена, според евиденцијата на заводот за статистика, во првите десет месеци од годината се зголемила за 5,9% на над 8 милијарди евра. Од тоа 3,3 милијарди се извоз, а 4,7 увоз. Трговскиот дефицит е 1,3 милијарди евра. При што увозот пораснал за 4,1%, а покриеноста на увозот со извоз достигнала 71%.

Растот на извозот во најголема мера се должи на фабриките кои работат во зоните.

Во 2015 реализирани се дваесетина инвестиции од компании кои се извозници на меѓународните пазари.