Извозот на оружје од Србија е зголемен за четвртина во однос на лани, од увоз ќе го добие првиот Ербас Ц-295
Српскиот помошник на министерот за одбрана Ненад Милорадовиќ изјави дека извозот на српското оружје е за 25 отсто поголем од 2022 година.Тој додаде и дека Војската на Србија в понеделник ќе го добие и првиот транспортен авион Ербас Ц-295, јави дописникот на МИА од Белград.
Милорадовиќ за денешното издание на весникот „Политика“ изјави дека вкупната вредност на издадените дозволи за извоз на српско оружје и воена опрема е за 25 отсто поголема од 2022 година кога вредноста на издадените дозволи изнесувала 1,3 милијарди долари, а годинава се очекува извозот да биде повеќе од 1,6 милијарди долари.
Милорадовиќ говорејќи за српското вооружување изјави и дека на Војската на Србија наскоро ќе и биде испорачан првиот Ербас Ц-295.
-Испораката на првиот транспортен авион Ербас Ц-295 на Војската на Србија ќе се изврши в понеделник. Ова ќе се случи визуелно над Белград во попладневните часови над Белградскиот саем. Поточно, прелетот ќе се изврши по повод отворањето на саемот за оружје и воена опрема Партнер 2023, рече Милорадовиќ за РТС.
Порталот Танго сикс (Т6) соопшти дека фабричкото прифаќање на првиот авион Ербас Ц-295 се одржал во Севиља во јули. Официјалниот коментар од Војската на Србија ја дефинираше мисијата за Ц-295 како „превоз на луѓе и товар, ВИП и медицински транспорт“.
Милорадовиќ најави дека оваа година на саемот „Партнер“ премиерно ќе бидат прикажани 26 нови вооружени системи од домашен развој. Тој најави премиери на новиот артилериски систем со долг дострел „Перун“ за потребите на вооружените сили на Србија, еден „нов тежок противвоздушен систем“ и неколку „нови лесни противвоздушни системи“.
На овогодинешниот саем за оружје и воена опрема Партнер 2023 ќе се претстават 154 излагачи од 74 земји. Се очекува присуство на 30 странски делегации, што е за 25 отсто повеќе од минатиот саем.
Ново на Сител
-
Пронајдени траги од дрога во тоалетите во Парламентот на Финска: Покажала анализа на Финскиот јавен радиодифузен сервис
-
Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“
-
Во Кочани малолетници биле заглавени во снег па извлечени и предадени на родителите
-
Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица