Извор на зарази: Овој предмет сите го имаме по дома - валкан е и полн со бактерии
Колку и да звучи контрадикторно, највалканата работа во домот е постојано под вода и сапуница.
Клиничкиот професор по микробиологија Филип Тјерно, тврди нешто што никој не го знае, а се работи за секојдневната хигиена.
Тој тврди дека највалканиот предмет во домаќинството е токму кујнскиот сунѓер.
- Сунѓерот е полн со дупчиња во кои се задржуваат сите нечистотии, па дури и непосакувани микроорганизми. Кога ги миете садовите, парчиња од храна остануваат заглавени во пукнатините, а затоа што сунѓерот останува мокар и бавно се суши, на секои 20 минути се развива нова бактерија, објаснува доктор Тјерно.
Како што тој тврди, најдобар начин за дезинфекција е избелувачот со хлор.
Растворот треба да се промеша со вода во размер 1:9 и сунѓерчето да се стави во течноста неколку минути.
Потоа треба да се исцеди и добро да се исуши. Пред следната употреба прво исплакнете, па мијте ги садовите.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи