Извор: Цукерберг ќе се појави пред Конгресот на САД

Извршниот директор и основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, ќе се појави пред Конгресот на САД да одговори на прашања во врска со приватноста и злоупотребата на податоци, но засега не е јасно пред кои комитети ќе сведочи, соопшти доброупатен извор за американски медиуми.
Комитетот за правосудство при Сенатот го покани Цукерберг да сведочи на 10 април, заедно со директорите на компанијата Твитер и Алфабет.
Членовите на Конгресот сакаат одговори за тоа, како податоците на 50 милиони корисници, дошле во рацете на компанијата Кембриџ аналитика.
Минатата недела беше откриено дека компанијата Кембриџ аналитика, заедно со Фејсбук, на незаконски начин обработила милиони податоци на корисници на таа мрежа во пресрет на американските претседателски избори.
Поради оваа афера вредноста на акциите на Фејсбук на берзите паднаа и компанијата загуби милијарди долари.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
