-->
-->
Извинете што не умрев: Лекарите ѝ рекле дека ќе живее уште неколку денови, а семејството подготвило пари за погреб каков што таа сакала, а потоа неверување!
-->
Ксара Сандерсон (20) повеќе не можела да оди на хемотерапии, имала ужасни болки, едвај одела, стоечки јадела и се опростила од семејството.
„Се надевам дека не се лутите што не умрев“, вели Британката Ксара Сандерсон (20). Таа боледувала од Хоџкинова болест, малигно заболување на лимфвните ткива. Откако ја добила дијагнозата, Ксара почнала со хемотерапија. После првата серија ја почнала и втората, која била многу посилна и која Ксара многу тешко ја поднела.
„Постојано повраќав. Кога семејството ми дојде на посета, реков дека повеќе не можам тоа да го барам од нив“, рекла Ксара. Освен што постојано повраќала, Ксара постојано имала инфекции. Сè потешко јадела и пиела, тешко ѝ било да стои и да оди. Во ноември, 2018-та година, лекарите ѝ соопштила дека ѝ останале уште неколку денови од животот.
Нејзиното семејство ја молело да продолжи со хемотерапии, ја молеле и пријателите, но Ксара не можела и не сакала да продолжи да се бори. Потоа нејзин пријател почнал да собира пари за нејзиниот погреб.
Таа сакала посебен погреб, кој требало да биде на денот на принцезите. Напишала посебна листа со песни кои би требало да ги свират за неа. Не ѝ било важно каков ќе биде ковчегот, бидејќи сакала да биде кремирана. Собрале 3.130 фунти.
„Потоа дојде Божиќ. Беше убаво, но и многу тажно“, рекла Ксара. Денот после Божиќ повторно завршила во болница поради воспаление на белите дробови. А потоа, следело ново неверување. Во март лекарите ѝ соопштиле дека ракот се повлекол.
„Воспалението на белите дробови помина. Во јануари отидов во болница и направив тестови. Имав чувство дека сум здрава и дека повеќе ракот не е во моето тело. Лекарите повторно ги направија сите прегледи во март и на 25-ти март ми рекоа дека тој навистина се повлекол. И самиот лекар беше зачуден. Не му беше јасно како се случило тоа“, вели Ксара и сега сака да ги врати парите кои се собрани за нејзиниот погреб, со порака „извинете што не умрев“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета
-
Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје