Македонија
24. November 2015 - 19:45

Извештајот на ЕК пред членовите на Комисијата за европски прашања

Успешно спроведени избори па препорака за почеток на преговори . Шефот на делегацијата на ЕУ го презентираше извештајот за напредокот  пред  народните избраници.

Важна улога треба да одиграат политичкит партии , да покажат воља и да одговорат на предизвикот во решавање на 7 забелешки од прогрес извештајот.

Пратениците со поделени мислења околу евроспките забелешки.

Дел од пратениците сметаат дека собарнието не е доволно ефикасно.

За албанските партии најважно е да се спровде Охридскиот Рамковен договор, кој е клуч за стабилизација на земјава.

Извештајот на Европската комисија треба да се презентитра на сите собраниски комисии. Заклучоците ќе бидат доставени до секретаријатот за европски прашња кој треба да изготви акционен план за работа.