Извештај: Секој четврти пратеник во светот е жена

Приближно секој четврти член на Парламентот во светот е жена, се констатира во годишниот извештај на Интерпарламентарната унија, најстарата меѓународна парламентарна организација.
Во документот на 50 страници се наведува дека во текот на 2018 година се зголемило учеството на жените во националните парламенти. На глобален план, тоа изнесува 24,3 проценти лани во однос на 23,4 проценти во 2017 година. За споредба, учеството на жените во праламентарните состави во 2008 година изнесуваше 18,3 проценти и 11,3 отсто во 1995 година.
– Сè уште сме далеку од еднаквост на полови на светско ниво, изјави претседателката на Интерпарламентарната унија, мексиканската пратеничка Габриела Куевас Барон.
– Охрабрувачки е да се забележи дека мерките кои Интерпарламентарната унија ги препорачува многу долго, како што се воспоставување ефикасни и добро спроведени квоти за жените, почнуваат да даваат резултати, додаде таа.
Извештајот на Интерпарламентарната унија покажува дека изборните квоти за жените сега ги покриваат сите региони во светот, со повеќе од 130 земји што веќе ги прифаќаат ваквите системи. Сепак, извештајот покажува дека политиките за квоти не се подеднакво ефикасни во различни земји. „Во повеќето случаи, самиот факт за наметнување квоти, без да се обезбедат механизми за спроведување или санкции, не овозможи значителен напредок во застапеноста на жените во парламентот”, забележува Меѓупарламентарната унија.
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
