Извештај на турскиот Парламент покажува дека САД чуваат 150 атомски бомби во Европа
Турција е една од петте европски членки на НАТО во кои е распоредено американско нуклеарно оружје, се наведува во извештај на турскиот Парламент за присуството на атомско оружје низ светот.
Според извештајот, чии делови објави турскиот весник „Хуриет“, САД имаат 150 нуклеарни боеви глави распоредени во Италија, Германија, Белгија, Холандија и Турција.
Оваа бројка се однесува пред се на гравитациската атомска бомба Б61, која во Турција е распоредена во воената база Инџирлик. САД до 60-те години на минатиот век во Турција држеа и нуклеарни проектили Јупитер, но ги повлекоа од земјата како дел од договорот со поранешниот Советски Сојуз за решавање на кубанската криза.
Во извештајот на турскиот Парламент се проценува дека има околу 15.000 нуклеарни боеви глави во светот, кои се сопственост на 14 држави и тие се распоредени во вкупно 107 воени бази. Од нив, 9.400 се уште се употребливи, додека преостанатите се застарени и треба да бидат уништени.
Вкупно 4.150 боеви глави се поставени на оружја кои овозможуваат нивна употреба во кој било даден момент, а 1.800 се во состојба на висока воена готовност.
Без конкуренција најголеми нуклеарни воени сили се САД и Руската Федерација, кои заедно имаат околу 93 проценти од светскиот нуклеарен аресенал.
Ново на Сител
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември
-
Фон дер Лајен треба да го претстави новиот состав на Еврокомисијата