Извештај на ОН: Северна Кореја се подготвува за нуклеарна проба, прва после пет години
Обединетите Нации предупредуваат дека Северна Кореја се подготвува да изврши нуклеарна проба, што би било прво тестирање од 2017 година.
Во доверлив и се уште необјавен извештај на ОН се посочува дека последните месеци се забележани интензивирани активности во подземната севернокорејска нуклеарна инсталација во северниот дел на земјата.
„Работните активности во центарот за нуклеарни тестирања Пунџи-ри укажуваат на тоа дека се вршат подготовки за дополнителни тестирања за развој на нуклеарно оружје“, стои во документот.
Сателитските снимки покажуваат интензивирани градежни активности во локалитетот Пунџи-ри, со обнова на мрежата подземни тунели и делови на капацитетот што беа уништени во 2018 година за време додека се одвиваа преговорите со САД.
Според извештајот на ОН, изминатите месеци се интензивирани и активностите во капацитетот за производство на материјал за фисија во нуклеарната постројка Јонгбјон.
Набљудувачите проценуваат дека бројните тестирања на ракетните системи способни да носат нуклеарни боеви глави спроведени изминатите месеци недвојбено водат кон уште една нуклеарна проба, прва после пет години.
Меѓународната агенција за атомска енергија со месеци наназад укажува на засилени активности во локалитетот Пунџи-ри, каде Северна Кореја во периодот од 2006 до 2017 година изврши шест нуклеарни проби.
Поради националната програма за развој на нуклеарно оружје и засилените тестирања ракети со голем дострел способни да носат нуклеарни боеви глави против властите во Пјонгјанг се наметнати ригорозни санкции.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош