Македонија
17. March 2016 - 11:46

Извештај на КПТ: Македонија постигнува напредок, но останува уште многу да се направи

Комитетот за превенција на тортурата (КПТ) на Советот на Европа, го објави извештајот по петтата периодична посетата на Република Македонија, за време на која е оценуван напредокот постигнат по посетите на КПТ од 2010 и 2011 година.

За таа цел, делегацијата на КПТ ги разгледа третманот и условите за затворањето на лицата во затворите, како и на лицата сместени во домовите за социјална грижа и пациентите во психијатриските болници. Делегацијата исто така се посвети и на третманот на малолетните лица во притвор и затвор. За време на престојот во Македонија од 7 до 17 октомври 2014 делегацијата на КПТ посети голем број на полициски станици за  да се запознае со условите на притвор и заштитни мерки, притоа за прв пат таа го посети и Прифатниот центар за странци во Скопје.

Како што пренесува дописникот на МИА од Стразбур, КПТ нагласува дека општо земено за време на посетата, соработката со македонските власти „беше многу добра“. Меѓутоа,  соработка подразбира и ефикасно спроведување на препораките на Комитетот од претходните посети.

Како што стои во извештајот, за жал не е постигнат фундаментален напредок за подобрување на условите во затворите, а во многу аспекти, ситуацијата е влошена, особено во однос на затворот  Идризово и Воспитно-поправната установа „Тетово". Понатаму, повеќе од долгогодишните препораки во однос на подобрувањето на животните услови на лица во психијатриските и социјалните установи и правните гаранции за заштита на лицата ставени во нив, не биле земени во предвид. КПТ подвлекува дека постојаното не спроведувањето на препораките што ги фава, не остава друг избор освен да ја постапката пропишана во член 10 став 2 од Конвенцијата, односно јавна декларација во која ќе биде укорена Македонија. Вакви закани КПТ веќе испрати и во минатотот, но по направените напори од македонските власти беше избегната примената на овај член од конвенцијата за Превенцијата на тортурата и нечовечкиот третман.

Мнозинството од лицата со  кои разговарала делегацијата немале поплаки за начинот на кои тие биле третирани од страна на полицијата. Сепак биле добиени тврдења за физичко малтретирање од страна на полициски службеници, особено при приведување. Наодите од посетата укажуваат на потребата за властите да останат будни и да продолжат со одлучна акција со цел да се искорени проблемот со лошо постапување од страна на полицијата. Комитетот дава исто така препораки за улогата на обвинителите и судиите во спречувањето на малтретирањето.

Општо, има подобрување во практичното спроведување на основните заштитни мерки против малтретирањето. Сепак, се уште е потребно понатамошен напредок, за да се обезбеди дека сите лица лишени од слобода од страна на полицијата имаат ефективно право за пристап до адвокат, непречен пристап до лекар и можноста да известат трето лице за лишувањето од слобода од самиот почеток на лишувањето од слобода.

Во повеќето од деветте посетени полициски установи, материјалните услови останаа под стандардуте и покажаа низа сериозни недостатоци. КПТ смета дека властите треба да преземат чекори за да се поправи тоа.

Земајќи ги предвид  информациите во однос на стратешката реформа на затворскиот систем, Комитетот е загрижен од условите во посетените затвори. Голем број на консистентни обвинувања за намерно малтретирање на затворениците од страна на затворскиот персонал се добиени во затворот Идризово. Физичкото насилство, наводно, се користи како алатка за да се наметне дисциплина. Треба да се воведе сеопфатна политика за идентификација и истрага на наводите за лошо постапување. Делегацијата на КПТ исто така констатира дека насилството меѓу затворениците во затворот Идризово останала загрижувачка, новодојдените затвореници осудени за сексуални престапи се систематски малтретирани од страна на другите затвореници како ритуал на иницијација. Спротивно на тоа, нема наводи за лошо постапување од страна на персоналот затворите во Тетово, Куманово и Охрид, а само неколку обвинувања се примени во истражното одделение на затворот во Скопје.

Што се однесува до кадровски прашања, Комитетот нагласува дека недоволно ниво на бројот на вработени и недостатокот на обука и поддршка на персоналот се суштински поврзани со проблемите кои се истакнати во извештајот, како што се малтретирање, насилство меѓу затворениците и недостатокот на активности. Оваа состојба беше најочигледно во затворот Идризово каде што имало само 218 затворски службеници за околу 1.600 затвореници. Покрај тоа, професионално менаџирање со кариерата во затвроскиот систем се уште не постои, забележува КПТ. Комитетот има заблешки и за материјалните услови во затворите во Идризово, Шутка, Тетово и Охрид. За неодамна отворениот затвор во Куманово се вели дека има потенцијал да обезбеди прифатливи услови, но покажува знаци на абење и проблеми со снабдувањето со вода.

КПТ забележува и за здравствената заштита во затворите, контактите на затворениците со надворешниот свет, за третманот на малолетниците, хигиенските услови, за лошите услови за работа на вработените казнено поправните домови, како и за Прифатниот центар за странци во Скопје и Специјалниот завод Демир Капија.

За Психијатриската болница Демир Хисар се нотира дека состојбата е одобрена од посетата на КПТ во 2010. Сепак, неколку наводи за лошо постапување со пациентите од страна на персоналот биле пренесени до делагацијата.

КПТ препорачува да се продолжи со зголемување на бројноста на вработени, особено во текот на попладневните часови и во текот на ноќта. Понатаму, при спроведувањето на мерките на приднудност се бара да се почитуваат прописите набројани од Комитетот. КПТ ја повторува исто така важноста на воспоставување на практика на спроведување темелна истрага во секоја смрт на пациент, што вклучува и обдукција. Правна заштита за пациентите присилно хоспитализирани како и да се прекине со праксата за вршење притисок врз пациентите да потпишат формулари за согласност за доброволната хоспитализација, што резултира со де факто лишување од слобода.