Извештај на ЕК за Србија: Неопходна примена на сите договори од дијалогот со Косово, ограничен напредок во клучните области
Во годишниот извештај за реформите во Србија, во кој имала увид РТС, Европската комисија го повикува Белград да соработува во истрагата за случајот Бањска и целосно да ги спроведе сите договори постигнати досега во дијалогот со Приштина, јави дописникот на МИА од Белград.
Во извештајот се оценува дека Србија го подобрила степенот на усогласеност со надворешната политика на ЕУ, но се наведува дека не се воведени рестриктивни мерки кон Русија, како и дека „некои акции и изјави на Србија биле во спротивност со надворешнополитичките позиции на ЕУ“.
Комисијата оценува и дека Србија е ангажирана во дијалогот за нормализација со Косово, но дека треба да покаже посериозна посветеност, да вложи повеќе напори и да направи компромиси за да продолжи процесот на нормализација на односите со Приштина.
-Потребно е Белград да ги исполни своите обврски во рамките на дијалогот и да се заложи за целосно спроведување на сите претходни договори, вклучително и договорот за патот кон нормализација и анексот за имплементација, се наведува во извештајот.
ЕК очекува Белград целосно да соработува во истрагата за судирите во Бањска и да ги уапси и гони одговорните за нападите.
Се повикува и на брзо одржување на вонредните избори во општините на северот на Косово со безусловно учество на Србите и се оценува дека нормализацијата на односите е клучен услов за двете страни, кои ризикуваат да пропуштат сериозни можности доколку нема напредок.
Зборувајќи за исполнувањето на политичките критериуми, се оценува дека политичката поларизација во општеството продолжила.
Во годишниот извештај за реформите во Србија, Европската комисија оценува дека Белград постигнал одреден напредок во областа на правосудството и ограничен напредок во клучните области на владеењето на правото од поглавјата 23 и 24, поврзани со борбата против корупцијата, организираниот криминал и областа на слободата на изразување.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Mинатата недела отстранети 104 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Индија и Пакистан најавија директни преговори
-
Новата готвачка на Роналдо ќе заработи милион евра за една недела на јахта
-
„Скајп“ отиде во историјата
-
Истражување: На детето не му требаат полни соби со играчки