-->
-->
Изречени 301 санкции за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера санкционира вкупно 301 возач за возење со брзина поголема од дозволената во рамки на засилената акциска контрола спроведена на територијата на целата држава.
Од нив, како што информира МВР, 17 се движеле со над 50 километри на час, а двајца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 189 возачи ја пречекориле брзината во населено, а 112 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
