Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да ги ослободи заложниците
Околу 1,500 Израелци се собраа денеска во Тел Авив на неделни антивладини протести, барајќи од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да овозможи враќање на израелските заложници.
Шахар Мор, внук на убиениот заложник Аврахам Мундер, во говор на англиски јазик го замоли Трамп „да престане да ја вооружува кампањата за одмазда во Газа“. „Потребно ни е да се вратат заложниците.
Поранешната администрација (САД) потфрли. Можете подобро“, рече Мор.
Омри Лифшиц, синот на двајцата заложници, исто така му се обратил на Трамп на англиски јазик и побарал „сега да ја прекине оваа војна“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Некои од насобраните запалија факели и огнови скандирајќи „сите сме заложници на крвавата влада“.
Трамп претходно вети дека една од главните задачи на неговата администрација ќе биде да ја прекине војната во Газа и му се закани на Хамас дека ќе ги ослободи израелските заложници, наведувајќи дека во спротивно „ќе има последици“.
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува