-->
-->
Израелски министер соопшти дека неговата земја одржува тајни врски со неколу арапски земји
-->

Израел тајно одржува врски со неколку арапски земји, но не ги именува затоа што тоа е нивна желба, изјави израелскиот министер за енергетика Јувал Стејниц.
Според некои израелски медиуми, една од тие земји е Саудиска Арабија, а причината за тие тајни врски е заедничкиот страв од Иран.
- Имаме врски, некои се тајни, со неколку арапски и муслимански земји, изјави Стејниц за Израелското воено радио.
Неговата изјава доаѓа неколку дена откако началникот на израелскиот Генералштаб даде интервју за информативниот сајт Елаф, кој е во сопственост на саудиски бизнисмен во Велика Британија.
Тоа ги поттикна шпекулациите за зближување меѓу Израел и Саудиска Арабија против нивниот заеднички непријател Иран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
-

Историски успех на младиот Македон на Германската математичка олимпијада
-

32 возачи лишени од слобода за празничниот викенд
-

Македонското население старее, државата крои стратегија за зголемување на наталитетот
