Израелски авиони погодија складиште со муниција на Хезболах кај аеродромот во Дамаск

Израелски авиони изведоа напад врз склад со муниција на либанската шиитска организација Хезболах, сместен крај меѓународниот аеродром во Дамаск, сооштија британските медиуми, повикувајќи се на извор од разузнавачка служба на земја од регионот и на сириските бунтовници.
Во складот се чувало оружје, кое Иран редовно го испраќа со карго или воено-транспортни авиони, посочил изворот кој посакал анонимност.
Сирискиот претседател Башар ал- Асад во оваа шестгодишна граѓанска војна е поддржан од Русија, Иран и регионалните шиитски милиции, вклучувајќи го и Хезболах, која е близок сојузник на Техеран и заколнат непријател на Израел, забележаа британските медиуми.
Израелскиот министер за разузнавање, Израел Кац, кој се наоѓа во посета на САД, за израелското воено радио изјави:„можам да потврдам дека инцидентот во Сирија целосно соодветствува на политиката на Израел за дејствување во спречувањето на испраките на модерно оружје од Иран за Хезболах преку Сирија“.
Министерот не сакаше да даде повеќе детали за настанот, но потсети на изјавата на израелскиот премиер дека „секој пат, кога добиваме разузнавачка информација за планирано испраќање модерни орудија на Хезболах, ние ќе дејствуваме“.
Двајца високо позиционирани претставници на бунтовничките групи во регионот на Дамаск јавија дека пет ракети паднале врз склад со оружје, што го користеле милициите поддржани од Иран.
Претходно денеска либанската телевизија „Ал Манар“, инаку блиска до Хезболах, јави дека воздушните напади зафатиле и складови и резервоари за гориво, но дека нема човечки жртви.
Ново на Сител
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
-

11 возачи возеле без возачка и со активна забрана за управување моторно возило, од нив двајца се малолетници
-

Малолетник прегазен на булевар во Куманово
-

Лишен од слобода крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
-

Во Јапонија откажан Фестивалот на цветање на црешите поради несовесни туристи
