Израелската Железна купола уништи десетици ракети на Хамас
Израелската железна купола пресретна десетици и десетици ракети на Хамас истрелани од Газа кон Израел синоќа.
Мета беше и аеродромот во Тел Авив.
Железна купола е мобилен систем за противвоздушна одбрана кој работи во сите временски услови. Односно, барем така треба да биде.
Стана во функција во 2011 година. Како што објави Блумберг пред неколку години во видео за оваа технологија, за нејзиниот развој се потрошени околу 200 милиони долари. Сепак, тука се работи само за развој, до денес се инвестирани многу повеќе пари во целиот систем.
На земја се поставени мобилни возила со ракети. Станува збор за исклучително мобилен систем кој може целосно да се префрли од едно место на друго во рок од неколку часа.
Железната купола е на удар по жестокиот напад на Хамас пред неколку дена. Хамас го „прегази“ тој моќен израелски противвоздушен систем со невидена маса ракети.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава