Израелската армија отпушти двајца офицери затоа што побегнале од бојното поле

Израелската армија одлучи да отпушти двајца свои офицери поради повлекување од битката со палестинските борци во северниот дел на Газа, објави израелскиот весник Једиот Ахронот.
Командантот на четата и неговиот заменик се повлекле од бојното поле за време на копнената офанзива во Газа поради немање огнена поддршка додека се соочувале со заседа на палестинскиот отпор, додава весникот.
„Војниците се повлекоа кога не добија поддршка, откако десетици борци ги нападнаа од заседа“, се вели во текстот.
Весникот наведува дека околу половина од војниците во силите не се вратиле во единицата откако офицерот бил отпуштен. Официрите признаа дека силите биле испратени во мисија на лош начин, откако без одмор се вклучиле во уште една долготрајна активност во Појасот Газа, додава медиумот. Тoа создаде тешка атмосфера во рамките на силите, според весникот.
„Постои криза на доверба во силите, но таа се решава соодветно со извлекување поуки на сите нивоа“, израелскиот весник ја пренесува изјавата на војската
Ново на Сител
-

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за ЕХФ ЕУРО 2034
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во оваа сезона на пожари
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
