Израел уништил 866 објекти на Западниот Брег во 2016 година, оставајќи 1.221 Палестинец без дом
Израел уништил во 2016 година вкупно 866 објекти, при што без дом останале 1.221 Палестинец, од кои половината деца, изјавија дипломати на ЕУ.
Меѓу разурнатите објекти има и такви, кои се изградени за Палестинците на Западниот Брег по различни програми и како помош од ЕУ со вкупна вредност од 536 илјади евра. Станува збор за опрема и објекти, кои според дипломатите Израел ги разурнал во конфликтот.
Разурнатите објекти се наоѓаат во тие 60 проценти од територијата на Западниот Брег на реката Јордан, кои остануваат под целосна израелска контрола.
Израел воведе остри ограничувања врз секоја палестинска активност во таа зона, во која продолжува да гради еврејски населби, а заштитените зони околу нив постојано се шират.
Во специјалната делкарација на ЕУ по тоа прашање остро се осудуваат активностите на израелските власти.
Ново на Сител
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија
-
Чесите од воздух, Словенците од земја – стигна помошта од странство
-
Меморијален парк во чест на загинатите во модуларната болница
-
Висар Ганиу најави тужби за Данела Арсовска – Изет Меџити не кажа во која општина живее
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата