Израел тврди дека убил тројца припадници на Хезболах во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека убила тројца членови на проиранската милиција Хезболах во јужен Либан.
Според воените извори, еден од убиените е маж во регионот Кафра, опишан како локален претставник на Хезболах, кој изнајмувал куќи за складирање оружје и вршење надзор.
Во втор воздушен напад биле убиени уште двајца наводни членови на Хезболах. Војската тврди дека станува збор за инженери вклучени во обнова на терористичката инфраструктура.
Информациите засега не може да бидат независно потврдени.
Иако примирјето меѓу Израел и Хезболах е во сила од крајот на ноември, двете страни редовно се обвинуваат за негово прекршување. Израел продолжува со речиси секојдневни операции во Либан, обвинувајќи го Хезболах дека се обидува да ги обнови своите воени капацитети на југот.
Владата на Либан во август го одобри планот поддржан од САД за разоружување на Хезболах во земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
