Израел тврди дека Иран е одговорен за киднапирањето на бродот во Црвеното Море од страна на Хутите

Израелските одбранбени сили денеска соопштија дека киднапирањето на бродот во Црвеното Море од страна на Хутите во Јемен, поддржани од Иран, е „многу сериозен инцидент на глобално ниво“ и дека „иранскиот тероризам“ е директно одговорен за тоа.
Кабинетот на премиерот објави соопштение како одговор на киднапирањето на британскиот брод управуван од јапонска компанија во Црвеното Море, обвинувајќи го Иран за инцидентот, пишува Тајмс оф Израел.
Во соопштението се наведува дека на бродот имало 25 членови на екипажот од Украина, Бугарија, Филипините и Мексико, но немало Израелци.
„Ова е уште еден чин на ирански тероризам кој изразува чекор напред во иранската агресија против граѓаните на слободниот свет и создава меѓународни импликации кога станува збор за безбедноста на глобалните бродски рути“, се додава во соопштението.
Се вели дека бродот отпловил од Турција до Индија со меѓународен цивилен екипаж.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
