Израел ја поздрави одлуката на францускиот парламент, според која антиционизмот е антисемитизам
Израелските власти ја поздравија одлуката на францускиот Парламент за усвојување на резолуција за антисемитизмот која го дефинира антиционизмот како еден вид омраза кон Евреите.
Националното собрание во Франција, во вторникот, изгласа Резолуција со која прифаќа дефиницијата за антисемитизам на Меѓународниот сојуз за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), јавува израелската агенција ТПС. Според оваа дефиниција антисемитизам е „одредена перцепција за Евреите, што може да се изрази како омраза кон Евреите“, која исто така, може да биде насочена кон државата Израел
Мнозинство од 154 членови на францускиот парламент гласаше за резолуцијата, 75 против и 43 беа воздржани.
Француската влада е веќе членка на ИХРА и нејзините министерства веќе започнаа да работат во нејзина корист.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац ја поздрави оваа одлука, која, според него, „ја потврдува тезата на францускиот претседател Емануел Макрон дека антиционизмот е новото лице на антисемитизмот.“ Тој ги повика и останатите земји да ги „следат чекорите на Франција”
– Татковината на Емил Зола, кој ја предводеше борбата против антисемитизмот, застана цврсто во одбрана на правото на Евреите да живеат без страв, и претставува недвосмислена поддршка на ционизмот и државата Израел, додаде тој.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест