Израел им порача на граѓаните да ја напуштат Турција
Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, наведувајќи ги стравувањата дека израелските патници би можеле бидат цел на оние кои се гневни поради тековната војна меѓу Израел и Газа.
Тие додадоа дека нивото на опасност за Турција е подигнато на 4 и затоа ги повикаа сите Израелци што поскоро да ја напуштат Турција, пишува The Times of Israel.
За Мароко нивото на опасност е зголемено на 2, а израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни.
Во Египет, полицаец пред десет дена уби двајца израелски туристи и нивниот водич. Тоа беше прв таков напад врз Израелци во Египет во последните децении.
Инаку, во целиот свет се зголемува бројот на антисемитски напади по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Конфликтот, кој прерасна во војна, почна со напад на милитантите на Хамас. За време на нападот оваа терористичка организација уби и киднапира цивили и ги однесе во Газа, а подоцна се закани дека ќе ги погуби заложниците. Израелците одговорија со контранапад.
Ново на Сител
-
Армиски хеликоптер ќе се вклучи во гаснењето на пожарот во неготинско
-
Давкова: Да се покрене дискусија за отслужување воен рок врз доброволна основа
-
Се укинува Агенцијата за енергетика
-
Малолетничка заврши во болница со фактура на носната коска по пад од мотор
-
СДСМ со реакција дека Мицкоски ја криел средбата со Главчев
-
Мицкоски на вечера во Белата куќа приредена од претседателот Бајден
-
Активирање на резервниот состав на пожарникари на општина Неготино
-
ЈП Водовод и канализација - Скопје: Отплата на долгови без пресметка на камата до 31 јули