Израел им оддава почит на жртвите од нападот на 7 октомври
Израел денеска (7 октомври) им оддава почит на жртвите од терористичкиот напад на Хамас пред една година. Хамас е прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ.
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска ќе ги отвори комеморациите со семејствата во жалост на местото на музичкиот фестивал Нова, означувајќи го почетокот на тридневното меморијално патување до местата на масакрот, пренесе ДПА.
Во терористичкиот напад без преседан на 7 октомври 2023 година, повеќе од 1200 луѓе беа убиени во јужен Израел, а околу 250 беа земени како заложници во Појасот Газа.
Додека нацијата се обединува во жалост, земјата е исто така поделена во пристапот кон комеморациите. Роднините на заложниците организираат свој меморијален собир во Тел Авив во моментот на првите истрели утрото пред една година.
Подоцна, израелската влада ќе емитува комеморација која е претходно снимена во јужен Израел.
Со оглед на безбедносните прописи кои се во сила поради заканата од ракетни напади, на лице место им е дозволено да присуствуваат само на максимум 1000 луѓе.
Комеморацијата ќе се емитува на интернет и на специјални телевизиски програми.
Ново на Сител
-
Мицкоски оптимист по средбата со Макрон
-
Предвремени избори - Затворена тема
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките
-
ДУИ: Се партизира судството
-
Фетаи добил закани по живот
-
Осветлена првата новогодишна елка во Грција за оваа година, традиционално во село на Халкидики
-
Аргентина: Три лица обвинети за смртта на Лијам Пејн
-
Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам