Свет
30. October 2023 - 10:44

Израел ги замрзна средствата за Палестинската управа

Министерот за финансии на Израел, Безалел Смотрич изјави дека му дал инструкции на Министерството за финансии да ги запре средствата што се префрлаат на Палестинската управа и бара од Владата да ја преиспита својата политика за трансфер на средства.

- Би сакал да ве информирам дека му наложив на Министерството за финансии да го запре трансферот на плаќањата овој месец, пишува Смотрич во пораката до премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Тој, исто така, бара Владата да разговара за политиката на Израел за трансфер на средства наменети за Палестинската управа, утврдена со Договорот од Осло.

Според Смотрич средствата се замрзнати поради поддршката за Хамас.

Ново на Сител