Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
Израелски трупи ги уапсија активистите од едрилицата „Медлин“ кои тргнаа да достават помош во Појасот Газа, а активистите, вклучувајќи ја и Грета Тунберг, ќе бидат испратени дома, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Израел објави видео на кое се гледаат притворените активисти, „безбедни и неповредени“, како ги придружува израелската морнарица до израелското пристаниште Ашдод, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти на Х дека активистите се неповредени.
Претходно, Министерството соопшти дека едрилицата „Медлин“ била одвлечена од израелската морнарица до израелските брегови, дека активистите ќе бидат депортирани, а помошта што ја превезуваа ќе биде испратена во Газа.
Дванаесет пропалестински активисти изјавија дека пловат кон Газа за да ја подигнат свеста и да достават помош.
Коалицијата на слободна флотила, која го организираше патувањето на едрилицата, соопшти дека контактот со неа е изгубен и оти израелската војска се качила на пловилото.
Ново на Сител
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК одлучи кандидатурата за изборите да се одвива согласно член 63 - со 2 потписа
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека одлуката на ДИК за ново упатство - партиите го обвинуваат ДУИ за неуспешните измени
-
Независните не се откажуваат од учество на избори - дел собираат потписи, дел не