Израел ги отфрли изјавите на Ердоган дека води политика на апартхејд
Израел ги отфрли изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, со кои го обвини дека води политика на апартхејд, бидејќи се обидува да ја ограничи слободата на вероисповед на муслиманите во Ерусалим, пренесоа француските медиуми.
- Оној кој систематски ги повредува човековите права во сопствената земја, не може да ја подучува единствената вистинска демократија во регионот, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Емануел Нахшон.
„Израел секогаш ја бранел целосната слобода на вероисповед на Евреите, муслиманите и христијаните и ќе продолжи да го прави тоа и покрај непоткрепените клевети, кои се упатуваат против него“, се наведува во изјавата на портпаролот.
Ердоган вчера вети дека ќе вложи напори да спречи во Израел да се донесе закон, што ќе има за цел да ги ограничи, па дури и забрани повиците за молитва на џамиите во текот на ноќта. Текстот, што во февруари беше одобрен од владата, треба да биде усвоен во Парламентот. Тој ќе се применува за џамиите во Израел, како и во Источен Ерусалим, но не и на Ридот на Храмовите или Плоштадот на џамиите во Ерусалим - третото свето место за исламот, потсетуваат француските медиуми.
- Ако Бог сака, ние никогаш нема да дозволиме да се намали гласот на повикот за молитва на небото во Ерусалим, изјави вчера Ердоган на форум, посветен на Ерусалим, што се оддржа во Истанбул.
- Каква е разликата меѓу сегашните дејствија на израелската администрација и расистичката и дискриминаторска политика, што била практикувана против црнците во минатото во Америка и до неодамна во Јужна Африка,запраша Ердоган.
Турција и Израел ги нормализираа своите односи во 2016 година по кризата од 2010 година кога израелски командоси изведоа смртоносен напад врз брод, изнајмен од турска невладина организација, за да се обиде да ја пробие блокадата врз Појасот Газа.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење