Изработени патики што детектираат „покемони“
Американската компанија „Виксол“, чие седиште се наоѓа во Њујорк, најави дека ќе лансира патики коишто откриваат виртуелни „покемони“ со помош на синхронизација со нивната виртуелна местоположба.
„Покемон Го“ играта на улица „истера“ милиони сопственици на смартфони. Посебните обувки ќе имат светлечки диоден дисплеј и сензори поврзани со софтвер на популарната игра на „Нинтендо“.
Концептот е едноставен. Ако во близина на лицето кое ги носи патиките, има „покемон“, тие започнуваат да светат а потоа и го посочуваат виртуелното суштество. При приближување кон него тие започнуваат да вибрираат.
Спортските обувки се водоотпорни и работат на батерии. Еден сет батерии ќе издржи 8 часа лов на „покемони“, а производителот планира во иднина тие да послужат и за други такви игри.
Од компанијата продажбата ја најавија за напролет следната година. Патиките ќе се продаваат во три бои, а еден пар ќе чини 200 долари.
Ново на Сител
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Дигитална трансформација на јавните комунални претпријатија
-
Внатрепартиски избори за претседател на СДСМ – тројца кандидати
-
Агелер: Нема репреговарање на Договорот од Преспа и напредокот кон ЕУ
-
Детектор: Македонските граѓани сакаат членство во ЕУ, но не по цена на Бугари во Уставот
-
Бугарија задоволна од пописот во Албанија, Грција бара почитување на малцинствата