Изработена документација за железничка линија Кичево-Лин
Во ЕУ инфо центар денеска ќе се одржи завршен настан за проектот „Подготовка на детален дизајн и тендерска документација за изградба на нова железничка делница Кичево - Република Албанија како дел од Коридорот 8 и тендерска документација за надзор на градежните работи“.
Со проектот ЕУ обезбеди 7,7 милиони евра за изработка на детална проектна документација и тендерска документација за изградба на новата железничка линија во должина од 63 километри.
Линијата ќе почнува почнува пред Железничката станица во Кичево и ќе се протега низ општините Кичево, Дебарца и Струга до границата со Република Албанија.
Проектот го спроведуваше конзорциум предводен од шпанската компанија „Типса“, во соработка со Министерството за транспорт и ЈП МЖ Инфраструктура.
На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, генералниот директор на Јавното претпријатие „Македонски Железници-Инфраструктура“ Ирфан Асани, и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
-
ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26
-
Трамп и воведе царина од 15 отсто на Македонија
-
Без вода дел од Општина Карпош
-
За влез и излез од државава се чека околу 45 минути
-
Словенија воведува ембарго на оружје за Израел