Изнуда: За долг од 2.000 денари му наплатиле 10 илјади и го малтретирале

Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М.(28), Ј.И.(26) и С.В.(19) сите од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда“.
На 06. минатиот месец во Гостивар со намера за себе или друг да прибават противправна имотна корист со сериозни закани и сила сакале да изнудат парични средства во висина од 10.000 денари од лицето И.М. од Гостивар на име долг во износ од 10.000 кој истиот не го должел.
По преземени мерки било утврдено дека И.М. од Н.М. зел на заем 2.700 денари пред околу 18 месеци, а по два месеци му вратил 700 денари и му останал должен 2.000 денари. Пред околу една година Н.М. започнал да му се заканува и физички да го малтретира. На 06.08.2016година околу 21.00 часот на И.М. му се јавил брат му и му рекол да излезе надвор, при што од патничко возило „Голф“ излегол брат му и Н.М., при што Н.М. и И.М. влегле во возилото во кое биле и Ј.И. и С.В. назад каде што седнал оштетениот, по што Н.М. го стратувал возилото и заминале од самото место.
Тогаш првопријавениот му рекол дека ќе разговараат, а второпријавениот се свртел и го удрил по десното рамо, по што оштетениот се исплашил, ја отворил вратата и скокнал од возилото. Од падот се здобил со телесни повреди по што успеал да избега дома.
Ново на Сител
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
-

Нова индустриска зона на влезот од Штип
-

Поради честите осцилации на Охридското Езеро рибите ни бегаат во Албанија, велат екологистите
-

Преглед на вестите од светот
-

Судскиот совет ќе ја проверува работата на судиите во сите судови низ Македонија
