Македонија
31. July 2015 - 10:46

Изминатото деноноќие два пожара во Кривопаланечко

Екипите на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка изминатите 24 часа интервенирале на два пожара кои се случиле на отворено, едниoт во селото Конопница, другиот во село Добровница.

 
- Во село Добровница изгореа два хектара сува трева, еден тон сено и околу дваесетина родни дрвца. Пожарот настанал на приватен имот, а причината е невнимание на жителите. Во гаснењето и ликвидацијата учествуваше едно возило на ТППЕ со тројца пожарникари, а помогнаа и петмина жители на Добровница, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
 
Пожарот во селото Конопница зафати борова шума. - Опожарени се речиси еден хектар борова шума, но нашите екипи дејствувале брзо и не дозволиле пожарот да се прошири и да настане поголема материјална штета, додаде Коцевски.
 
Според него, овој пожар настанал поради непочитување на забраната за движење во шуми која важи до 5-ти август годинава.
 
- Апалираме сите граѓани кои немаат дозвола да ја почитуваат забраната заради лична безбедност и зачувување на шумите, истакнаКоцевски.
 
На подрачјето на општина Крива Паланка овој месец се случиле вкупно девет пожари од кои само еден е со помала материјална штета.